Путин: Намерно го направив тоа за да ве исплашам

од Stefanija Kuzmanovska
222 прегледи

Интересен клип на Твитер сподели Френсис Скар, дописник на Би-Би-Си кој ги следи руските медиуми, со коментар: „Нема многу работи што се помалку смешни од обидот на Владимир Путин да се пошегува во врска со нуклеарна војна“.

На снимката се гледа како модераторот на панелот го потсетил претседателот на Русија на неговите непријатни коментари од пред четири години, на истиот настан, кога рекол дека „сите ќе завршиме во рајот“.

„Не ни се брза, нели?“, го прашал модераторот Путин.

Рускиот претседател потоа се замислил во врска со прашањето, што го натерало модераторот да прокоментира дека паузата всушност е малку алармантна.

„Намерно го направив тоа за да ве исплашам“, рекол Путин и се насмеал.