Комеморација за Бабиќ: „За разлика од неговиот непредвидлив живот, заминувањето како да му беше смислено од почеток до крај“

од Берта Китинска
343 прегледи

Со аудио снимка на која покојниот Марин Бабиќ рецитира поезија и видеозаписи од неговите драмски претстави и филмски и телевизиски остварувања денеска во Драмски театар почна комеморативната седница за познатиот актер и творец на манифестацијата „Глумците пеат” кој по кратко и тешко боледување почина на 15 октомври во Скопје на 74-годишна возраст.

-Животот му беше театар, а театарот живот, во буквална смисла на зборот. Имаше само еден смртен непријател и тој се викаше Марин Бабиќ. Постојано беа во кавга, душата си ја вадеа и не сум сигурна дали на крај си ги закопаа воените секири. Сѐ она што сме ние и внуците, меѓудругото, е благодарение на неговиот начин на воспитување. Последната улога ја изведе беспрекорно и маестрално, како грижлив и посветен родител. За разлика од неговиот непредвидлив живот, заминувањето како да му беше смислено од почеток до крај, кажа на комеморацијата неговата ќерка Маја Бабиќ.

На барање на директорката на Драмски театар Катерина Коцевска присутните колеги за последен пат заедно се качија на сцената, на која одеа инсерти од видео записи од актерските остварувања на Марин Бабиќ, и со аплауз го испратија доајенот на македонското глумиште во вечноста.

Бабиќ, почина на 16 октомври на 74 години по кратко боледување.