148
Времето денеска ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.
Во Скопје сончево со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Следните денови продолжува периодот на стабилно, претежно сончево и релативно топло време.