Во емисија на руската државна телевизија, учесниците на дебатата разговарле за неодамнешниот напад на Русија врз електроенергетската инфраструктура на Украина, а еден од гостите почнал да ги критикува руските акции и бомбардирањето на украинските електрани, што го натерало водителот да го прекине.
Имено, Русија во последните недели ги интензивираше нападите врз украинските централи, а претседателот Владимир Зеленски потврди дека Русите уништиле 30 отсто од нивните електрани за осум дена и предизвикале масовни прекини на струја низ целата земја, пренесува „Јутрањи“.
„Не знам за каков праведен светски поредок можеме да зборуваме кога ги уништуваме електраните и инфраструктурата во Украина“, рекол социологот Алексеј Рошчин на емисијата објавена на Твитер во саботата од Џулија Дејвис, колумнистка на „Дејли Бист“ и основач на рускиот „Медија монитор“.
„Ова е суровост и садизам, војна против цивилите. Ова е војна против народот“, продолжи тој.
Водителот Норкин повторно го прекинал, велејќи му: „Ме тераш да објаснам се што е кажано во нашето студио додека те немаше во последните три, четири, пет години…“
Meanwhile in Russia: several panelists threw some truth grenades at the stunned TV hosts, look how those angry propagandists pummeled the pundit who said that by destroying the infrastructure, Russia is waging a cruel, sadistic war against civilians. He won't be invited back. pic.twitter.com/LiHdgED63C
— Julia Davis (@JuliaDavisNews) October 29, 2022
„Како граѓанин, јас сум одговорен, но не го одобрувам бомбардирањето на украинските електрани“, одговорил Рошчин.
„Долго те немаше, некои работи си ги чуваше во душата“, се вмешал Норкин. „Реши да исфрлиш сè од себе. Зборуваш глупости“, додал тој.
Тој не бил единствениот кој јавно ги осудил руските акции во Украина.
Друг панелист, политикологот и историчар Александар Ситин, рекол дека Русија „го нарушила територијалниот интегритет на една суверена нација“ кога ја нападнала Украина на 24 февруари.
За тоа дали бомбардирањето ќе ги принуди Украинците да преговараат со руски официјални претставници, тој додал: „Овие граници на суверена нација што беа прекршени, тоа не беа руски граници. И тоа е се. Засега нема знаци дека се подготвени да се договорат со Русија за било што“.