Руска телевизија објави ЗАСТРАШУВАЧКА СНИМКА: „Вака би изгледала нуклеарна катастрофа“

од Nikola Popovski

Руската телевизија „НТВ“ објави прилог со наслов „Во очекување на нуклеарен конфликт – како оружјето за масовно уништување стана дел од геополитичката игра“. На снимката всушност се прикажува нуклеарна катастрофа.

НТВ, која е во сопственост на руската гасна компанија „Газпром“, објави застрашувачка карактеристика за потенцијалниот армагедон што би се случил доколку Русија употреби нуклеарно оружје, со снимки од „печурки“ кои се креваат по падот на нуклеарна бомба.

Во тој телевизиски прилог Западот е обвинет дека премногу зборува за нуклеарна војна, додека пропагандистите на Путин постојано се закануваат со употреба на оружје за масовно уништување, пренесува „Вечерњи лист“.

– Се наоѓаме во ситуација кога надмоќта во ресурсите и конвенционалното оружје е на страната на Западот – коментира во прилогот Василиј Кашин, политички аналитичар од Вишата економска школа во Москва.

– Моќта на Русија се заснова на нејзиниот нуклеарен арсенал – додал тој, а прилогот покажува и како вооружувањето заминува на запад од Краснојарск, град во Сибир.

Слични содржини