Тухел: Одиме во Мадрид да го победиме Реал

од Vladimir Zorba

Тренерот на Баерн, Томас Тухел изјави дека неговиот тим ќе оди на победа против Реал во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите, пренесуваат германските медиуми.

Фудбалерите на Баерн и Реал синоќа одиграа нерешено 2:2 во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите.

„Шансите се уште 50:50 – сакаме да одиме во Мадрид, да победиме и да обезбедиме место на „Вембли“. Игравме добро во првите 15 минути, создадовме шанси, имавме течна игра. Тие создадоа една шанса и постигнаа гол од неа. Потоа заигравме подобро во второто полувреме, поведовме со 2:1, имавме шанса и за трет гол… Тогаш се појави можност во нашиот шеснаесетник и тие постигнаа гол. Се ќе се решава на „Бернабеу“, изјави Тухел.

Слични содржини