Активисти поднесоа жалба во ЕУ: ChatGPT халуцинира и ги прекршува правилата за приватност

од Илинка Илиоска

„Халуцинирањето“ и измислувањето информации на ChatGPT ги прекршува правилата за приватност на Европската унија, според жалбата поднесена од групата за приватност Нојб до австрискиот орган за заштита на податоците.

Нојб, непрофитна организација со седиште во Виена, основана од активистот Макс Шремс, рече дека жалбата била предизвикана од неуспехот на ChatGPT да го обезбеди точниот роденден на Шремс, правејќи претпоставки. Четботот не им кажува на корисниците дека ги нема точните податоци за да одговори на барањето.

Датумот на раѓање на лицето е лични податоци според GDPR кој поставува различни барања за тоа како треба да се постапува со личните податоци.

Нојб тврди дека однесувањето на четботот ја прекршува Општата регулатива за заштита на податоците (GDPR) за приватност, точноста на информациите, како и правото на корекција на неточни информации. Исто така, тврди дека фирмата за вештачка интелигенција одбила да ги поправи или избрише погрешните одговори и нема да открие никакви информации за обработените податоци, нивните извори или примачи.

„Њујорк тајмс“ претходно објави дека „четботите измислуваат информации најмалку 3 проценти од времето – и дури 27 проценти“.

Политико, исто така, го праша ChatGPT за роденденот на Шремс и дојде до три различни одговори: 24 јуни, 17 септември и 17 октомври.

Роденденот на Шремс е всушност на 1 октомври, изјави Нојб за Политико.

Слични содржини