Надал: Не сум сигурен дали ќе играм на Ролан Гарос

од Vladimir Zorba

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал изјави дека се уште не одлучил дали ќе игра на претстојниот Ролан Гарос, пренесуваат шпанските медиуми.

Надал синоќа беше поразен во осминафиналето на Мастерсот во Мадрид од Чехот Јиржи Лехечка со 7:5, 6:4. Надал емотивно се прости со навивачите во шпанската престолнина.

„Ова беше посебен ден за мене. Се простив од Мадрид, но мојата кариера продолжува“, изјави шпанскиот тенисер.

Слични содржини