Инструкторка во Саудиска Арабија осудена на 11 години затвор поради „непристојна облека“

од Milan1

Саудиска Арабија во писмо до Обединетите нации потврди дека фитнес инструкторката кој била популарна на Интернет е осуден на 11 години затвор за „терористички злосторства“, но не прецизирала за кои злосторства станува збор.

Иако арапското кралство инсистираше дека случајот нема никаква врска со присуството на инструкторката на социјалните мрежи, активистите за човекови права тврдат дека пресудата против Манахела ал-Отаиби била донесена за да се покажат границите на слободата на изразување во Саудиска Арабија, пренесува „АП“ .

– Обвинувањата против фитнес инструкторката се однесуваа исклучиво на нејзиниот избор на облека и изразување ставови на социјалната мрежа, вклучително и јавни повици да се стави крај на системот за машко старателство во Саудиска Арабија, објавување видеа на кои носи „непристојна облека“ и оди во продавници без да носи облека хиџаб, соопштија од организациите за заштита на човековите права Амнести интернешенел и АЛКСТ од Лондон.

Слични содржини