Американскиот претседател Џо Бајден повторно се најде на удар на медиумите и корисниците на социјалните мрежи поради нов гаф, откако изјави дека САД имаат 54 сојузни држави.
На настанот на Демократската партија во Пенсилванија, Бајден зборуваше за законот за здравствена заштита од 2018 година, познат како „Обамакер“, велејќи дека демократите „воделе кампања во 54 држави за да го одбранат Обамакер“.
САД, инаку, имаат 50 сојузни држави и федералниот округ Вашингтон, кој е управуван од Конгресот.
Последниот во серијата гафови на Бајден брзо стана вирален на социјалните мрежи.