Приватниот превозник „Макекспрес“ од денеска можно е да не вози – поради долгови од ЈСП и Град Скопје

од Берта Китинска
217 прегледи

Приватниот превозник на автобуски градски превоз „Макекспрес“ најави дека од денеска во Скопје е можно да не сообраќаат на линиите 19, 20, 22, 52 и 54. Причината поради можниот прекин е неисплатениот долг кон компанијата од страна на ЈСП Скопје и Град Скопје кој, според сопственикот на компанијата, Милорад Димитријевски, во овој момент изнесува над 30 милиони денари.

„Поради неподмирените долгови од страна на ЈСП, се доведува во прашање нормалното функционирање на јавниот превоз. Mоменталниот долг на ЈСП кон претпријатието ‘Макекспрес превоз’ до овој момент изнесува повеќе од 30 милиони денари и овој долг секојдневно расте. Линиите 19, 20, 22, 52 и 54 од утре најверојатно нема да бидат функција“,изјави сопственикот на комапнијата Милорад Димитријевски.

Тој побара итна средба со раководството на ЈСП и градската власт и кажа дека бара исплата на долгот за август, септември и октомври, како и да се почне со редовна исплата на неделните аконтации за извршен превоз.

Слични содржини