Кина денеска го лансираше третиот модул за вселенската станица

од Stefanija Kuzmanovska
203 прегледи

Кина денеска го лансираше третиот и последен модул за комплетирање на својата постојана вселенска станица и на тој начин ја постигнува целта на која работи повеќе од една деценија – да одржи постојано присуство на својот вселенски екипаж во орбитата.

Модулот „Менгтијан“ беше лансиран во вселената од Центарот за лансирање на сателити Венчанг во јужната островска провинција Хаинан, на ракетата Long mark-5BY4, која е една од најмоќните кинески лансирани ракети, објави „Ројтерс“.

„Менгтијан“ беше лансиран без екипаж и ќе бидат потребни 13 часа за да стигне до вселенската станица.

Слични содржини