Граѓаните на главниот град на Украина морале да чекаат во редица за вода откако руски проектили ги погодија клучните објекти низ земјата во понеделникот, јавува Би-Би-Си.
Градоначалникот Виталиј Кличко вели дека 40 отсто од потрошувачите во Киев се оставени без вода, а 270.000 домови се без струја.
Тринаесет лица се повредени во напади ширум земјата, јавија локалните медиуми.
Русија соопшти дека нападите биле насочени кон воената контрола и енергетскиот систем на Украина и дека сите цели биле погодени.
Но, украинската војска објави дека соборила 45 од 55-те ракети што биле лансирани.
Од безбедносни причини, уништувањето на критичната инфраструктура на Украина со руски воздушни напади ретко му се прикажува на „надворешниот свет“.
Украинските власти велат дека ова е за да се избегне споделување на информации кои би можеле да се користат во идни напади, вклучувајќи погодени или локации кои се промашени.