БЕСА ги покани на средба сите партии на Албанците за уставните измени

од Destan Jonuzi
227 прегледи

Движењето БЕСА денеска ќе упати покани до сите парламентарни политички партии на Албанциите за заедничка средба пред почетокот на процесот за уставни измени.

– Денеска, во име на претседателот на Движењето Беса, г-дин Билал Касами, ќе испратиме покана до сите политички партии на Албанците за заедничка средба на која ќе се разговара за унапредување на законско-уставните права на Албанците од Северна Македонија. На оваа средба предлагаме да се разговара за изградба на заеднички став на албанскиот политички фактор во земјата во однос на уставните измени кои ќе треба да се случат многу брзо, како и преземање конкретни чекори како да се отстрани понижувачкиот термини „20%“ од Уставот и да се замени со терминот албански јазик, изјави заменик-претседателот на Движењето Беса, Аријанит Хоџа.

Хоџа вели дека барањето на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за отстранување на „Балансерот“ и „Бадентерот“ нема никаква врска со барањето на партиите на Албанците за отстранување на терминот „20%“ за албанскиот јазик.

– Темата „20%“ нема врска со „Бадентер“ и „Балансер“. Апсолутно, со отворањето на ваквите теми како што предложи лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ се отвора тема за целосна уставна ревизија, додека она што го бараме во дел од амандман 5, бараме само признавање на Албанскиот јазик, што всушност се користи во државата, освен што има негативно толкување за Албанците, додаде Хоџа.

Д.Ј.

Слични содржини