Владата информира дека претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, ќе испрати покана до парламентарните политички партии за лидерска средба, која ќе се случи на 7.11.2022 година (понеделник), во 12:00 часот во Собранието на Република Северна Македонија.
-Средбата која ја свикува претседателот на Владата, Ковачевски се организира со цел да се отвори дискусија за европската иднина на Република Северна Македонија, но и за одлуките кои во наредниот период треба да се носат во Собранието со широк политички и општествен консезус. Ве информираме дека поканата до претседателите на парламентарните политички партии ќе биде испратена во текот на утрешниот ден, 2.11.2022 година (среда), соопштија од Владата.
Пред два дена од Благоевград, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека Ковачевски ја испуштич можноста да биде во бугарскиот град и да разговара со нив и другите партии.
„Ако тоа е единствениот услов и тема на разговор се разбира „не“ ако сака да разговара за брзи предвремени избори тука сум стојам на располагање“.