Андоновски: Добро би било на лидерската средба да се разговара за предвремени избори

од Nikola Popovski
176 прегледи

Сепак таква покана не е стигната до ВМРО-ДПМНЕ. Добро би било на таква лидерска средба да се разговара за предвремени избори. Владата ни во оваа ситуација нема доволна стабилност. Не сме ги разгледале деталите. Кога ќе добиеме таков текст, ќе се произнесеме. Можеби ќе има простор да се дискутира за предвремени избори. За поширок општествен консензус требаше да се разговара пред да се потпишат ваквиот тип на уценување преговори и преговори со нашиот источен сосед. Поканата треба прво да пристигне до тие за кои што е наменета, а после тоа да биде објавена во јавноста, изјави меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски во однос на поканата на премиерот Димитар Ковачевски до политичките партии за седнување на лидерска средба.

Тој демантира дека има меѓународен притисок врз партијата за поддршка на уставните измени.

-Гледам дека вицепремиерот Груби сака да го кажува често. Тоа е една од палетата на манипулации за да си ја продолжат сопствената политичка кариера. Пред околу два месеци се зборуваше дека имаат мнозинство за уставните измени, но не видов иницијатива од СДСМ или ДУИ дали ќе се гласа. Ако го немаат, тогаш да одиме на предвремени избори, па граѓаните нека одлучат што мислат за ваквиот тип на манипулации. Да имаше обезбедено мнозинство, ќе одеа директно со иницијатива во Собранието, а со разговор за постигнувње широк политички и општествен консезус, рече Андоновски во вестите на Тв Сител.

Во ваков случај и вакви услови, никогаш нема да се согласиме за уставни измени, додаде Андоновски.

-Нашата цел е да влеземе во преговори со ЕУ, но без уцени, дециден е тој.

Според него, присуството на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Благоевград на отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров е историски настан“.

-Бугарија ги укинува здруженијата последните 20 години, без разлика дали има клубови или не, рече Андоновски.

Слични содржини