Ѓуровски: Русија, Кина, Иран и С. Кореја се главни пропагатори на хибридните алатки

од Nikola Popovski
310 прегледи

Професор Марјан Ѓуровски од Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” откри кои земји се главните пропагатори на хибридните закани.

-Со самото тоа што телефонските јавувања во училиштата беа од странство, не може да се исклучи евентуално поврзаност на поширока слика на градење недоверба и ширење страв меѓу населението. Сметам дека се почестите хибридните закани ќе станат наше секојдневие. Како што ќе се променува сликата на конфликтот во Украина, така заради промена на случувањата на Балканот од страна на главните пропагатори на хибридните алатки – Кина, Русија, Иран и Северна Кореја, вели универзитетскиот професор Марјан Ѓуровски во емисијата „24 отворено“ околу темата со лажните дојави на бомби во неколку средни училишта што се појавија изминатата недела.

Слични содржини