197
САД не гледаат знаци дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје, изјави денеска портпаролот на Белата куќа – Џон Кирби.
Кирби изјави дека нема посебен коментар за написот на „Њујорк Тајмс“ дека Русија наводно подготвува нуклеарни напади, пренесе Ројтерс.
„САД континуирано ги следат чекорите на Москва откако Русија спомена за можна употреба на нуклеарно оружје, а во моментов нема индиции дека такво нешто се подготвува“, посочи Кирби.