Нови закани за бомби во скопските училишта

од Берта Китинска
314 прегледи

Меил со нова дојава за поставена бомба добила скопската гимназијата „Никола Карев“. Како што дознава „Локално“, на учениците им било кажано да си заминат од училиште, а на родителите им била испратена порака од класните раководители дека децата се испратени дома.

Од МВР информираат дека на меил адреси на шест училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба.

-Денеска (02.11.2022) во СВР Скопје околу 14.30 часот е пријавено дека на меил адреси на шест училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР за „Локално“

Слични содржини