Шерон Стоун откри дека има тумор и испрати силна порака до жените

од Nikola Popovski
300 прегледи

Познатата актерка на Твитер откри дека и е дијагностициран тумор.

Шерон Стоун ги загрижи своите фанови со порака на социјалните мрежи.

„Само имав уште една погрешна дијагноза и погрешна операција“, напиша актерката, а потоа откри:

„Двојно епидурална овој пат. Како што болката се влошуваше, отидов на второ мислење. Имам голем фиброиден тумор кој треба да се отстрани“.

Потоа им испрати силна порака на жените.

„Посебно дамите: не се преправајте дека не е важно, побарајте второ мислење. Тоа може да ви го спаси животот. Ќе ми требаат четири до шест недели за целосно опоравување. Ви благодариме на сите за грижата. Се е добро“.

Набрзо следеа коментари за поддршка.

Да потсетиме, Шерон Стоун и претходно водела битки со здравјето. Во 2001 година доживеа тежок мозочен удар, а лекарите и дадоа еден процент шанса за преживување.

Слични содржини