Владината прес-служба денеска потврдила дека премиерот Димитар Ковачевски испратил до сите парламентарни политички партии за лидерска средба што треба да се одржи в понеделник, на 7 ноември во Собранието.
Премиерот синоќа најави дека ќе испрати покани до партии теза следниот понеделник, на 7 ноември и со та да претседава со состанокот на лидерите на парламентарните партии, со намера да се постигне консензус за одлуките што ни се потребни за претпристапните преговори со ЕУ.
Владата соопшти дека средбата „се организира со цел да се отвори дискусија за европската иднина на Северна Македонија, но и за одлуките што треба да се донесат во следниот период во парламентот со широк политички и општествен консензус“.
На 19 јули, Северна Македонија ја одржа својата прва политичка меѓувладина конференција во Брисел, со која започна „првата фаза“ од отворањето на преговорите со ЕУ, 17 години по добивањето на кандидатскиот статус.
Условот што го има Скопје за почеток на „втората фаза“, односно за втората меѓувладина конференција и отворање на преговарачките поглавја е внесувањето на бугарското малцинство во Уставот на Северна Македонија, на што се спротивставуваат опозициските ВМРО ДПМНЕ и Левица.