338
Не очекувам дека ќе има развој на борбените дејствија од Украина пошироко во Европа, а Украина не може сега да стане членка на НАТО оти не ги исполнува условите, но Украина добива и ќе добива помош од НАТО. Украина не војува, Украина ја брани својата територија, вели Славјанка Петровска, министерка за одбрана во емисијата СТУДИО 10 на ТВ24.
-Одлуките за испраќање помош на Украина не се кријат. Само се класифицираат деталите и тоа поради практични причини, кои наскоро ќе бидат објавени.Најбитно е дека сѐ што сме донирале ѝ требало на Украина и дека не станува збор за реклама.Со донациите не се нарушува нашата борбена готовност, вели Петровска.