Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска информира се уште не стигнала покана за лидерска средба од премиерот Димитар Ковачевски.
-Не знаеме во каков формат ќе биде средбата и не ја знаеме содржината и темите. Мојот совет до Ковачевски и Владата е да разговараме за тешкиот живот и економската состојба на граѓаните и енергетската криза. Тоа се суштински проблеми кои се актуелни и треба да разговараме за надминување на тие проблеми. Доколку некој мисли дека ќе наметне теми кои поларизираат како што е промена на Уставот, па да зборуваме за нешто што е познато, тогаш се лаже. Таа тема нема да ги реши проблемите на граѓаните како да го поминат месецот од 1-ви до 1-ви, не обединува и нема да ја намали корупцијата. Веќе јавноста е запознаена со ставовите на партиите за промените на Уставот. Сите живееме тешко и лошо, рече меѓу другото Мицкоски пред новинарите при денешната посета на Прилеп.