Ердоган: Постигнат договор со Путин за бесплатно жито за сиромашните

од Stefanija Kuzmanovska
126 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека се договорил со рускиот претседател Владимир Путин житото испратено во рамка на Црноморскиот договор да се доставува бесплатно до сиромашните африкански земји.

Ердоган го изјави ова за време на говорот во Истанбул, откако Москва во средата продолжи да учествува во договорот за жито што Украина и Русија го потпишаа со посредство на ОН и Турција, пренесува „Ројтерс“.

На крајот на јули претставниците на Русија, Украина, Турција и ОН потпишаа пакет од два документа.

Слични содржини