140
Министрите за надворешни работи на Г7 се согласија дека е потребен механизам за координација за да ѝ помогне на Украина да ја поправи, обнови и одбрани критичната енергетска инфраструктура и системи за водоснабдување, пренесува „Ројтерс“.
„Тоа ќе биде клучна тема на оваа група во наредните денови и недели“, рече висок функционер на Стејт департментот кој инсистираше на анонимност.
Истиот извор наведува дека меѓу земјите од Г7 постои согласност за прашањето за идните односи со Кина и потребата од зајакнување на заедничката стратегија за Пекинг.