Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов смета дека на моќните бугарски политички кругови не им одговара Македонија да стане дел од европското семејство.
Во однос на повикувањето на битолскиот актер Васко Мавровски во полициска станица за вознемирувачки Фејсбук-статус кон министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, Ангелов вели дека министерката е кратко време на ваква видлива позиција и верува дека „не е отрпната“.
-Сите јавни личности треба да имаат повисок праг на толеранција кон разни напади, па и закани. И јас сум бил жртва на смешни мемиња, по некој пат се навредливи. Не беа само шегите само со керамидите, туку и со мостот во Драчево, толкава дупка, луѓето фатија да прават мајтап. Тоа е цената на јавноста и мора да отрпнете. Не гледам во тој статус некакви закани и јас не би го доживеал како закана, рече Ангелов во емисијата „Само вистина“.
Тој додаде дека и премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски бил напаѓани.
-Не само они, туку и Заев и Црвенковски и Груевски. Луѓето и откако ќе се повлечат остануваат дневна тема, дециден е Ангелов.