191
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, поради сложената ситуација на Косово, ги откажа сите претходно најавени посети во странство.
Покрај тоа, тој денеска ќе присуствува на вонредна седница на Владата на Србија, по што ќе има разговори со амбасадорот на Кина, како и со амбасадорот на Русија.
Вучиќ во текот на денот ќе се сретне и со патријархот Порфирије и со Синодот на Српската православна црква.
Србите од Косово денеска одлучуваат дали ќе ги напуштат институциите на Приштина.