За 15 дена произведени 199.830 мвч струја

од Destan Jonuzi
135 прегледи

Во изминатите 15 дена во земјава вкупно се произведени 199 830 мегават часови на електрична енергија. Во истиот период продадени се 600 мегаватчасови електична енергија како вишоци. Со ова домашото производство на електрична енергија од АД ЕСМ во посочениот период во целост ги покрива потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, информира на денешната прес-конференција соработникот за енергетика во Канцеларијата на претседателот на Владата, Виктор Андонов.

Во текот на вчерашниот ден, пак, произведени се вкупно 11.360 мвч струја од кои 8.242 во термоелектраните додека од обновливи извори 3.118 мвч.

-Заклучно со крајот на октомври 2022 ЕСМ го реализираше целосно својот план за производство на електрична енергија. Беа планирани 3.034 гигаватчасови енергија, а произведени се 3.039 гвч или некој гигават час повеќе од предвиденото. Со ова, сто отсто беа задоволени потребите на потрошувачката на електрична енергија на регулираниот пазар, односно за домаќинствата и малите потрошувачи согласно ветувањето на Владата. Граѓаните да бидат спокојни финансиски средства се обезбедени, ликвидноста на ЕСМ е осигурана, струја ќе има за сите во текот на оваа зима, рече Андонов.

Состојбата во цела Европа е комплексна и секоја држава ги бара најдобрите решенија, а нашите позиции, додаде тој, се јасни работиме на зголемување на домашното поривзводство и ги ставиме во погон сите капацитети на државата. При тоа повика на штедење од сите за зачување на енергетската стабилност и рационално користење на енергенсите.

-Сега е време на солидарност, разбирање и соработка на целото општество. Пред нас е зимата доаѓаат постудени денови неопхопдно е сите да вложиме максимални напори за штедење на електричната енергија. Во октомври покрај добрите временски услови и намалениот конзум голема улога одигра и штедењето на струја од граѓаните и институциите за да нема набавка на електична енергија. Во периодот што ни следи иамаме само еден избор, а тоа е да штедиме и рационално да се однесуваме, рече Андонов.

На новинарско прашање што ќе преземат во случајот со фирмите кои користејќи ги законските недоречености се префрлиле на регулираниот пазар се префрлија на регулираниот пазар, колкава е штетат и кој ќе ја плати, Андонов рече дека ваквиот тренд минатата година прв пат бил забележан токму од државните институции и РКЕ.

-За овој тренд се информирани надлежните институции кои треба да се справат со оваа појава и да донесат соодветни мерки со кои би се спречила евентуална злоупотреба на струјата која би требало да се користи од домачинствата и малите потрошувачи. Да ги оставиме инстритуциите да си ја завршат работатат, а за тоа јавноста ќе биде транспарентно информирана, рече владиниот соработник за енергетика Андонов.

Слични содржини