Директор на затвор обвинет дека наредил убиство на новинар

од Stefanija Kuzmanovska
179 прегледи

Филипинските власти денеска го обвинија директорот на еден од затворите во земјата дека наредил убиство на познат радио новинар.

Персивал Мабаса (63) беше убиен на 3 октомври на пат до студиото во предградие на Манила.

Директорот на затворската управа, Џералд Бантаг, наводно го наредил убиството на новинарот затоа што во својата емисија „изнел проблеми врзани за него“.

Осомничениот вооружен напаѓач Џоел Ескоријал им се предал на властите минатиот месец плашејќи се за својата безбедност, откако полицијата ја објави неговата слика преземена од видео, соопштија официјални лица.

Персивал Мабаса, познат како Перси Лапид, отворено го критикуваше поранешниот претседател Родриго Дутерте, како и политиката на владата на неговиот наследник Фердинанд Маркос Јуниор.

Филипините претставуваат една од најопасните области за новинарите во светот, а повеќето од сторителите на убиствата никогаш не биле осудени.

Слични содржини