Над 120 милиони евра за проекти на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. Важни проекти за единиците на локалната самоуправа, каде власт е ВМРО-ДПМНЕ се одвиваат секојдневно. Нови булевари, улици, надвозници, се само дел од проектите кои опфаќаат најмногу средства, дури 36 милиони евра. Дополнително, во водоводна и канализациона мрежа се инвестираат 20 милиони евра. Се градат нови градинки, се реконструираат училишта и се вложува во нивно опремување, соопшти денеска портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
Митева жали што градоначалниците на СДСМ немаат еден отчет за сработеното.
– Доколку имаа отчет за сработеното тогаш многу лесна ќе беше улогата на јавноста да спореди и да се увери во се што зборуваме. Причината зошто СДСМ се служи со навреди, лаги и манипулации е резултат на нивната нервоза, не умеење да направат нешто за доброто на граѓаните на Македонија, но СДСМ треба да се свесни дека со ваквиот начин го навредуваат македонскиот граѓанин. Додека пак ВМРО-ДПМНЕ со гордост, на дводневен политички саем зборуваше за проекти во секое едно населено место, маало, населба и општина.
Во Струмица не очекуваме промени, таму продолжи политиката на Зоран Заев. Во општина Крива Паланка хаосот на власта кој што се случува на централно ниво се пресликува и на локално ниво, за Крива Паланка слободно можеме да кажеме дека стана град без иднина и без надеж. Валандово во последната година дури и да нема реализиран капитален проект, најголем проблем е невработеноста и потфрлувањето во локалниот економски развој, истакна Митева на прес-конференцијата во седиштето на партијата.