Ахмети по средбата: Да се надминат носталгиите и да се вратиме на рационалност и разумноста

од Destan Jonuzi
159 прегледи

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети по лидерската средба во Собранието истакна дека на средбата доминирала отворена и конструктивна дебата, смиреноста и рационалноста и посочи дека треба да продолжат ваквите средби до приближување на разликите меѓу мнозинството и малцинството.

– Се дебатираше за сите теми. Според моите процени, не мора да значи дека на една средба да ги оценуваме сите разлики и се разбира дека разлики имаше, меѓутоа се надевам дека оваа средба нема да биде последна, туку да се продолжи со ваквите средби се до приближување на разликите кои што постојат меѓу политичките партии за да се гради заедничка стратегија за тоа како да ја промениме денешницата, со еден подобар напредок и прогрес во иднина. Доминираше смиреноста и рационалноста и тоа ми остави впечаток од оваа средба. Посакувам оваа смиреност да продолжи до приближување на разликите меѓу мнозинството и малцинството, изјави Ахмети.

Ахмети потенцира дека на средбата упатил апел да се надминат носталгиите и да се вратиме на рационалност и разумноста, затоа што, како што рече, доколку се отворат прашања кои што припаѓаат на минатото, тешко дека ќе можеме да се определиме за иднината.

– И секое минато кое што ќе се отвори не служи на иднината и не служи на идните генерации. И поколенија. Ние имаме потреба од повеќе конкретни чекори кон Европската унија, и ние сме тие кои што бараме да бидеме дел од оваа унија, затоа што нам ни се поставуваат услови за членство – владеење на правото, судски реформи, борбата против криминалот и корупцијата и никој над законот. Доколку ги исполниме овие услови, не само на телевизиските екрани говорејќи поетски изрази, туку делувајќи институционално до целосен вистински ветинг за нашата држава да зачекори и да напредува напред, посочи Ахмети.

На новинарско прашање дали на средбата е разговарано и за барањето за бришење на формулацијата „20 проценти“ од Уставот, Ахмети рече дека е разговарано, но треба да се видат приоритететите во ситуацијата во која се наоѓаме.

– Да, се разговараше, меѓутоа над се приоритет се даде на уставните измени и штом се отвори една таква дискусија се разбира дека треба да се видат приоритетите во ситуацијата во која се наоѓаме и за тоа ќе градиме ставови околу оваа прашање, рече тој.

Слични содржини