Пратеникот од редовите на Алијансата за Албанците Елми Азири во емисијата 24 анализа на ТВ24 изјави дека денешната лидерска средба немале конректна понуда од владејачкото мнозинство за пристапување кон владата.
– Нашиот претседател се изјаснил и ако имаме такво нешто како претседателство за тоа ќе дискутираме и е ги соочиме аргументите и таква ќе биде одлуката. Ако има желба од мнозинството од Алијансата да биде дел од мнозинството, јас сум горд на тоа. Внатрешните чинители и надворешните пријател кај Алијансата гледаат солиден партнер кон евроапталнстките интерграции. Алијансата постапуваше така и досега било да е во власта или опозиција. Кога се во прашање стратешките интереси на државата, сметаме дека постапивме државнички. Лидерската ја поздравувме и сметаме дека тоа е најдобар начин да се соочат мислењата за стратешките интереси. Можеби е задоцнета, но подобро е сега, зошто се работи за иднината на државата, истакна Азири.