Бомбици со печени лешници

од Stefanija Kuzmanovska
328 прегледи

Десерт кој лесно се подготвува, а има фантастичен вкус.

Состојки:

– 2 лажици мед

– 100 гр путер

– 120 гр темно чоколадо

– 320 гр печени лешници

– 200 гр шеќер во прав

– грубо сечкани печени лешници за декорација

Подготовка:

Растопете мед, путер и чоколадо. Измешајте ги печените мелени лешници и шеќерот во прав, па соединете со
стопената чоколада.

Обликувајте топчиња кога масата ќе се олади, па валкајте ги во грубо исечканите печени лешници.

Се чуваат на ладно место до сервирање.