Брентон Тарант, 32-годишниот напаѓач на џамијата во Крајстчерч, уложи жалба на својата казна од 2020 година, со која беше осуден на доживотен затвор без можност за условно ослободување. На 15 март 2019 година, Тарант уби 51 муслимански верник во Нов Зеланд.
Тој ладнокрвно уби 51 верник во две џамии во Крајстчерч на петочната молитва, што предизвика бран осуда ширум светот. Тој беше прогласен за виновен за 51 убиство, 40 обиди за убиство и терористички напад откако ја призна вината.
Премиерката на Нов Зеланд: Тарант повторно се обидува да ги повреди луѓето
Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, на прашањето за жалбата на Тарант рече дека тој сака повторно да ги повреди луѓето и жртвите. Таа смета дека жалбата на убиецот не треба да помине.
Имамот Гамал Фуда, кој го преживеа нападот на џамијата Ал Нор во Крајстчерч, рече дека се обидува да го разбере мотивот зад изјаснувањето на Тарант со оглед на неговото признание за вина.
„Не можам а да не помислам дека ова е уште еден чин на овој терорист за повторно да им наштети на своите жртви со тоа што ќе го одржи жив споменот за него и неговите терористички акции“, изјави Фуда за весникот „Њу Зеланд Хералд“.