Мислам дека во Република Северна Македонија една од најосетливите теми е чувството дека некој го предизвикува јазикот и идентитетот, изјави денеска шефот на македонската дипломатија Бујар Османи на новинарско прашање.
Според него, колку повеќе охрабрување доаѓа по прашањата меѓу Македонија и Бугарија, и импелентацијата на Договорот за добрососедство и соработка ќе биде многу полесна.
-Верувајте дека доколку успееме ова да го тргнеме од дискурсот со Бугарија на страна, граѓаните во Македонија, Македонците да почуствуваат пријателство и топлина од страна на Република Бугарија по однос на ова прашање, верувајте дека ќе се отвори целиот простор за соработка и за работата на Историската комисијата и по однос на имплементацијата на протоколите, рече Османи на денешната прес-конференција во Бугарија.