294
Американското Министерство за правда објави дека запленило биткоини, некогаш во вредност од 3,36 милијарди долари, а сега во вредност од околу една милијарда долари, кои инвеститорот во недвижнини Џејмс Јонг од Грузија ги украл пред една деценија од црниот веб-пазар „Силк роуд“, пишува Вашингтон пост.
32-годишниот Јонг, кој стои зад кражбата, во петокот се изјасни за виновен по едно обвинение за онлајн измама, што предвидува максимална казна од 20 години.
Според властите, Јонг ги украл биткоините од „Силк роуд“, веб-форум каде се купуваа и продаваа дрога и други недозволени производи со помош на криптовалути.