ВМРО-Народна ќе поддржи отворање на Уставот и додавање на Бугарите

од Nikola Popovski
151 прегледи

ВМРО-Народна партија активно ќе поддржи промена на Уставот во насока на пристапните преговори со ЕУ, со проширување и додавање во Уставот како на Бугарите, Хрватите и Црногорците така и на сите останати делови од народи кои ќе изразат волја и барање да бидат застапени во самиот Устав, информираа денеска од партијата на Љубчо Георгиевски.

Според ВМРО-НП, „така ќе се докаже дека Северна Македонија е демократска држава која ги почитува правата на народите кои се застапени и живеат во државата, а со тоа се почитуваат и Европските вредности за демократизација на општеството“.

-Во однос на преговарачкиот процес и скринингот кој што е во тек, ВМРО-Народна партија предлага да во сите стручни комисии, тимови и делегации кои учествуваат во скринингот, а понатаму и во преговорите по поглавја, како членови да учествуваат и стручни лица од поединечни области кои ќе бидат предложени од политичките партии, велат од партијата на Георгиевски.

Слични содржини