Абази: Можеби сме се сретнале со Ахмети, но лични контакти немам

од Nikola Popovski
203 прегледи

Новоизбраниот шеф на ОЈО ГОКК Ислам Абази денеска изјави дека освоените 66 гласа од обвинителите се голема одговорност и мотив за да раководи со Јавното обвинителство кое се бори со организираниот криминал и корупција.

-Јас иако немав програма како другите, бев во постојана комуникација со останатите обвинители и им ја изложував својата визија и проект како ќе раководам. Во однос на транспарентноста и јавноста сме должни да бидеме транспарентни и да ги информираме средствата за јавно информирање со работата на некои предмети, рече Абази.

На прашањето дали има блиски релации со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со кого се од исто село, Абази вели дека не е точно.

-Никој пат не сум бил, ниту сум член на некоја партија, ниту сум оставил впечаток дека имам одредени релации со одредена политичка партија. Можеби сме се сретнале, но лични контакти немам, ниту со некој од ДУИ. Дружењето со такви личности не е забрането, непристојно дружење е и тоа. Со секој би можел да се дружам ако не е учесник во постапка, рече Абази во своето прво излегување во јавноста после вчерашните избори како нов шеф на Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција.

Тој истакна дека обвинителите препознале во него човек кој ќе биде успешен.

-Приоритет ми е да ги пополните празните работни за обвинителите и да воведеме дигитализација во Јавното обвинителство, одговори Абази во обраќање пред новинарите.

Слични содржини