337
Старлетата Сораја Вучелиќ наводно повеќе не е во животна опасност по втората операција за запирање на внатрешното крварење.
Старлетата Сораја Вучелиќ имаше сообраќајна несреќа кога заминувала од Косово за Албанија. Таа била во џип „мерцедес“ со својата сестра и другарки, кога во нивното возило удрило комбе.
Сораја поради тешките повреди со кои се здобила во критична состојба била пренесена во болница во Хрватска.
Таа со градниот кош удрила во воланот, и ги скршила ребрата, ги повредила внатрешните органи и се здобила со внатрешно крварење, па подлегнала на првата операција. Набрзо, како што вели нејзината сестра, следела уште една операција, по што таа полека закрепнува.