237
Состојки:
– 6 печурки
– 5 компири
– 1 шолја од 2 дл ориз
– 1 главица кромид
– 1 морков
– 1 стапче целер
– 1 лажица сув билен зачин
– 1 лажичка бибер
– малку сол
– 1/2 лажица слатка мелена пиперка
– 2 лажици сечкан магдонос
– 5 дл вода
Подготовка:
На малку масло пропржете го сечканиот кромид, целерот и морковот додека малку не омекнат.
Додадете ги исечканите печурки и пропржете уште малку додека не омекнат.
Потоа додадете ги коцките компири и пржете уште една минута, а потоа додадете го зачинот од сувата билка, бибер и сол.
На сето тоа додадете ориз и слатка пиперка, па прелијте со вода.
На крај додадете го сечканиот магдонос и измешајте.
Се пече на 180 степени додека да испари водата и да биде готов оризот.