Скопјани се „борат“ за воздух, денеска рекордна загаденост

од Vladimir Zorba
256 прегледи

Скопје утрово се разбуди со енормна загаденост и концентрација на штетните ПМ честички.

Според светската мрежа IQAir.com концентрацијата на ПМ 2,5 честичките утрово во центарот на Скопје изнесувала 154 мг/м3, што над трипати повисоко од дозволената концентрација.

Како што температурите паѓаат, така и степенот на загадување во главниот град станува се повисок и поопасен, што го загрозува здравјето на граѓаните.

Во кампањата пред локалните избори, градоначалничката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ ветуваа краткорочни и долгорочни мерки за намалување на загадувањето, но една година подоцна во Буџетот на Градот, средствата за екологија се намалени, а нови спроведени мерки нема.

Слични содржини