АА: За два дена, два мегаскандали во судството, под итно да почне ветингот

од Destan Jonuzi
117 прегледи

Во последните неколку дена целата јавност е сведок на тоа како судството во земјава се ставило во служба на извршната власт и нивните соработници, се вели во писмената реакција на опозциската Алијанса за Албанците.

– За неколку дена, по трет пат судската седница за модуларната болница во Тетово беше одложена со банални причини, заради отсуство на адвокатите. Од друга страна, кога соучесниците на оваа власт треба да бидат ослободени, судовите стануваат супер експедитивни и „креативни“. Кривичниот суд денеска со спојување на две казни му ја намали затворската казна за четири месеци на соработникот на претходниот и сегашниот режим, Орце Камчев, главниот обвинет во двата корупциски мегаскандали „Империја“ и „Плацеви на Водно“. Сето ова се случува во периодот на скрининг и кога се очекува земјава да добие зелено светло за почеток на преговорите со Европската унија. Оваа селективна правда ја доведе земјата во состојба во која само 8% од граѓаните и веруваат на правдата. Единствено решение за враќање на владеењето на правото и враќање на довербата на граѓаните, бизнисите и инвеститорите во нашиот правосуден систем е неопходниот ветинг на судиите и обвинителите, реагират од партијата на Арбен Таравари, Алијанса за Албанците.

Слични содржини