Претседателот на Русија, Владимир Путин, постхумно го одликуваше со Орден за храброст заменик-началникот на управата на регионот Херсон, Кирил Стремусов. Соодветниот указ е објавен на интернет порталот за правни информации.
„За покажаната храброст во извршувањето на должноста, постхумно да му се додели Орден за храброст на Кирил Сергеевич Стремусов, заменик началник на воено-граѓанската управа на регионот Херсон“, се наведува во указот.
Вчера администрацијата на регионот Херсон соопшти дека заменик-началникот на регионот загинал во несреќа. Според властите, неговиот возач преживеал, пренесува РИА Новости.
Како што подоцна објави изворот на РИА Новости, за несреќата е виновен возачот на камионот, кој направил опасен маневар. Возачот на Стремусов изгубил контрола во обид да избегне судар.
Информацијата за смртта на функционерот ја потврди и вршителот на должноста шеф на регионот Херсон, Владимир Салдо. Тој додал дека властите ќе му помогнат на семејството на Стремусов. Починатиот има пет деца, а шестото наскоро треба да се роди.