Бугарското МНР: Софија ќе ги поддржи бугарските клубови во С. Македонија

од Nikola Popovski
167 прегледи

Кога ќе стапи во сила Законот за здруженија зависи од тоа кога ќе биде објавен во Државниот весник на Република Македонија. Сигурно ќе се забранат клубовите, прашање е дали ќе се изнуди промена на името. Не можеме да одговориме на тоа бидејќи тоа ќе биде одлука на секој од овие клубови. Тие ќе имаат можност или да ги променат имињата или да си ги бараат правата преку суд. Бугарската држава ќе ги поддржи и во двата случаи.

Ова го изјавил главниот експерт во бугарското Министерството за надворешни работи Жељазко Радуков на редовниот брифинг со новинарите.

„Дали Венецијанската комисија може да го запре спроведувањето на законот – практично не, затоа што – пред се, одлуките на Венецијанската комисија се советодавни, а не задолжителни. Второ, одговорна влада, кога оди да бара мислење од Венецијанската комисија, тоа го прави во моментот кога законот се уште е предлог закон, а не кога е веќе усвоен“, објаснил тој.

„Во оваа смисла, ги сметаме за неодржливи сите уверувања што ги слушаме од Северна Македонија дека Венецијанската комисија веројатно ќе го запре спроведувањето на овој закон“, рекол Радуков, пренесува БГНЕС.

Слични содржини