Американскиот претседател Џо Бајден рече дека треба да се посвети внимание на улогата на странските инвеститори во финансирањето на милијардерот Елон Маск во купувањето на „Твитер“ вредно 44 милијарди долари.
Имено, претседателот Бајден смета дека треба да се провери поврзаноста на Маск со странските инвеститори.
Бајден го даде коментарот за Маск како одговор на прашање за време на прес-конференција.
Сопствено богатство
Бајден беше прашан дали постапките на сопственикот на „Тесла“ со Арапите, во врска со финансирањето на купувањето на „Твитер“, ќе претставуваат закана за националната безбедност на САД.
За купувањето на Твитер, „Маск“ доби финансиска поддршка од саудискиот принц и милијардер Алвалид бин Талал и „Катар Холдинг“, инвестициска фирма во сопственост на државниот фонд на Катар.
„Соработката и техничките односи на Елон Маск со другите земји се вредни за внимание. Не велам дека прави нешто несоодветно, но вреди да се провери“, искоментира Бајден.
Маск го финансираше најголемиот дел од купувањето на „Твитер“ со сопственото богатство, но 7,1 милијарда долари обезбедија инвеститори, вклучително и милијардерот Лари Елисон, како и странски извори, како што се саудискиот принц Алвалид и „Катар Холдинг“, пренесе „Ројтерс“.