Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека целта на западните санкции е да ја ослабнат Русија, но се случува спротивното.
„Нашите европски економии забрзано одат кон рецесија“, посочи тој.
Орбан смета и дека Европската унија се повеќе се вклучува во конфликтот во Украина.
„Ние во Европската Унија прво решивме да испорачаме оружје, првично само несмртоносно, потоа ЕУ почна да испраќа и смртоносно. Сега украинските војници се обучуваат на територијата на европските земји, а во блиска иднина ќе биде донесена одлука за преземање на економскиот товар на украинската економија. На овој начин се повеќе се вклучуваме во овој конфликт“, објасни Орбан.
Тој изрази надеж за што поскоро воспоставување мир во Украина и додаде дека само мир може да стави крај на прехранбената и енергетската криза.
Според него, Унгарија е „заинтересирана за соработка меѓу Истокот и Западот“.
Орбан заклучи дека сите кои одбиваат таква соработка се во загуба.