Нетанјаху составува уште една израелска влада

од Stefanija Kuzmanovska
126 прегледи

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска најави дека в недела ќе му го довери мандатот за формирање на новата израелска влада на лидерот на конзервативната Ликуд, Бенјамин Нетанјаху.

Херцог денеска ги заврши консултациите со политичките партии по парламентарните избори на 2 ноември.

Ликуд на Нетанјаху, заедно со своите сојузници – ултрадесничарските и ултраортодоксните еврејски партии, на тие избори освоија стабилно мнозинство од 64 пратенички мандати од вкупно 120 во израелскиот парламент (Кнесет).

 

Слични содржини