220
Штабот на украинските специјални сили објави видео од центарот на градот Херсон на кое се гледаат стотици Украинци како со украински знамиња го слават ослободувањето на градот.
„Трогателна средба исполнета со радост: припадниците на силите за специјални операции на Украина се во ослободениот град Херсон. Емоциите на Украинците кои стоечки го чекаа ослободувањето на градот, а денес ги пречекуваат своите бранители се неверојатни“, пишуваат украинските специјални сили.
Видеото го снимил украински војник кој добил лубеница на подарок од цивил од Херсон, пишува „Украинска Правда“.
Да потсетиме, вчера руското Министерство за одбрана соопшти дека руската армија го напуштила градот и се преселила на левиот (источен) брег на реката Дњепар.