ИНФОГРАФИК: ВМРО-ДПМНЕ доведува во ризик проекти за животната средина вредни 270 милиони евра од ЕУ фондовите

од Vladimir Zorba
142 прегледи

„Активната блокада“ на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието се пресликува и на ниво на локалните самоуправи во кои „владее“ оваа партија, а застојот во реализацијата на ИПА проектите ја вклучува и Општина Тетово, каде што локалната власт е во рацете на БЕСА.

Овој застој, или блокади, ги доведуваат во ризик проектите од исклучителна важност за животната средина вредни 270 милиони евра од ЕУ фондовите.

Во инфографикот подолу фокусот е ставен само на дел од проектите за заштита на животната средина, иако блокадата што ја спроведуваат ВМРО-ДПМНЕ и дел од партиите на опозицијата ставаат под неизвесност уште многу други проекти и процеси поддржани со буџетски и европски пари.

Слични содржини