Тестенини со пилешко и моцарела

од Stefanija Kuzmanovska
250 прегледи

Кремасти тестенини со пилешко бело месо.

Состојки:

– 200 гр пилешко бело месо

– 100 гр домати

– 150 гр моцарела

– 400 гр тестенини

– 4 парчиња сланина

– 4 чешниња лук

– малку босилек

– сол, бибер

– маслиново масло

– мелен црвен пипер

Подготовка:

Во голем сад за печење пропржете ја сланината додека не стане крцкава.

Извадете ја сланината и ставете го пилешкото бело месо исечкано на коцки или по желба, посолете и додадете малку мелен црвен пипер, па печете околу 10 минути.

Кога пилешкото месо е готово, извадете го и во тавата ставете ги доматите, издробениот лук и малку маслиново масло, па динстајте неколку минути.

Вратете го пилешкото во тавата и додадете ја ренданата моцарела со постојано мешање додека не се стопи.

Сварете ги тестенините во солена вода. Кога ќе се сварат, исцедете ги и оставете околу два децилитри вода од сварените тестенини.

Додадете ги сварените тестенини во тавата и мешајте додека целосно не се соединат.

Додадете го босилекот на крајот.

Полека додадете ја водата од тестенините за да се разреди сосот и да се направи покремаст.

Внимавајте да не ја додадете целата вода одеднаш и проценете колку сакате да биде густ сосот.

На крајот на површината додадете ја пропржената сланина. Оставете ја содржината да се готви уште пет минути.

Украсете со листови босилек по желба.

Слични содржини